(ФОТО) Брзата храна и била составен дел од животот: Поради килажата Џенифер не добивала улоги
Џенифер Анистон важи за една од познатите актерки на светот, но нејзиниот почеток не бил воопшто лесен. Актерката неодамна призна дека на самиот старт била изложена на објективизација на женското тело и дека и поставувале нехумани услови.
Пред да ја добие улогата во хит серијата „Пријатели“, која и помогна да доживее светска слава, немала многу успеси, а затоа агентката ја посоветувала дека треба да ја намали килажата.
„Мораше да ослабне 13 килограми за да опстане во Холивуд. Лос Анџелес е тешко место за млада актерка, тешко е да се биде жена на вакво место. Џенифер не беше дебела и сите ја видеа нејзината убавина, но камерата и додавала неколку килограми“ = се наведува во книгата која излезе по повод годишнината од емитувањето на култната серија.
„Мајонез на бел леб, највкусната работа на светот. Јадев премногу такви работи. Шејкови, помфрит и сосови, за среќа па започнав да обрнувам внимание на тоа и внимавам. Мојата агентка на убав начин ми даде до знаење дека не ги добивам улогите поради килажата и на тоа сум и благодарна“ - рече актерката.