(ФОТО) ДНК ги собра ѕвездичките на едно место: Мартија, Мина, Сара и Лина го раздрмаа Скопје!
Вчеравечер најпопуларното дуо ДНК одржа концерт по повод 17 годинишниот јубилеј. Панчо и Андреј, на овој ден премиерно ја објавија својата нова песна и видео запис, а на концертот приредија вистински спектакл.
Тие не кријат дека редовно ги поддржуваат младите пејачки надежи, па така овој на својот концерт направија простор за Мартија Станојковиќ, Сара Гигова, Мина Блажев и Лина Пејовска да запеат. Девојките скоцкани од глава до петици, ги искористија своите 5 минути и со своите неверојатни гласовни способности ја размрдаа публиката.
Во продолжение погледнете ги фотките од синоќешната забава.