(ФОТО) Џастин Бибер плаче за состојбата на Селена Гомез
Џастин Бибер беше забележан како плаче во автомобил со сопругата Хајли Болдвин во четвртокот, кога го напуштија пастирскиот дом. Oбожавателите се прашуваат дали неодамнешната хоспитализација на Селена Гомез можеби одигра улога во неговите солзи.
- Џастин секогаш ќе се грижи за Селена. Тој го посакува најдоброто за Селена. Тој сака да биде среќна и здрава - изјави извор близок до Бибер (24).
- Тие не зборуваат неколку месеци. Нивниот однос секогаш беше многу сложен и комплициран. Беше тешко за двајцата- раскажа извор близок до поранешната двојка.
Откако доживеа нервен слом, наводно предизвикан од стресот, Селена Гомез одлучи да побара стручна помош и беше хоспитализирана. Некои шпекулираат дека причината за нејзиниот пад, беше венчавката на нејзиниот поранешен дечко Џастин Бибер со Хејли Болдвин, но извор близок до пејачката тврди дека ова е само еден фактор.
- Се работи за комбинација на сè и тоа влијае на нејзиното ментално здравје. Има неколку предизвикувачи, но со сето ова, таа е исклучително чувствителна личност. Негативноста и омразата влијаат влијаат многу врз нејзе- изјави извор близок до 26-годишната пејачка Селена Гомез, која ги растажи своите фанови.
- Се разбира, и тоа што секаде се зботува за тоа дека Џастин е среќно заљубен има лош ефект врз неа, но таа имаше многу други стресни ситуации. Без разлика дали нејзината ситуација е предизвикана од депресија и вознемиреност, не можам да кажам, но таа исто така е свесна дека ќе се бори со тоа до крајот на својот живот- додаде изворот.
Селена Гомез е хоспитализирана во изминатите неколку недели, и поради ниското ниво на леукоцити, што веројатно е последица на трансплантацијата на бубрези. За време на втората посета на болницата, таа доживеала паничен напад, по што сфатила дека ѝ е потребна стручна помош, па затоа била хоспитализирана.