(ФОТО) Фановите се уверени: Бијонсе ќе роди четврто дете!
Следбениците на американската пејачка, актерка и танчерка Бијонсе се уверени дека таа со сопругот, раперот Џеј Зи, го очекуваат четвртото дете, пишува Daily Mail.
Во последно време често е активна на социјалните мрежи па објавува по неколку гламурозни фотографии одеднаш. Па така една од тие на која носи краток фустан ги предизвика гласините за бременоста.
На фотографијата не се гледа стомакот, бидејќи пејачката го има прекриено со виолетова чанта. Од таа причина сите мислат дека на пат е новото бебе.
„Вака може да сјае само бремена жена“, „Цело време ни два знаци. Сега веќе со денови ја носи виолетовата боја, а тоа е знак за благородништво, односно кралство“, Нека има деца, тоа е веќе четврто“ - се само некои од коментарите на обожавателите.
Сепак, ги има и оние кои се реални и кои ги насочуваат другите малку подобро да ги погледнат.
„Жената пред две години роди близнаци. Освен тоа има и 37 години... Навистина ли мислите дека е во прашање бременост, нели смее малку да се опушти?“ - напишаа тие.