(ФОТО) Ќерката на Бандерас израсна во убавица: Татко си го стави во втор план
Иако на овогодишнето доделување на Hoolywood Film Awards доби награда за најдобар актер, овој пат тој не беше во центарот на вниманието.
Имено, друштво на црвениот килим му правеше 23 - годишната ќерка Стела. Иако таа е далеку од очите на јавноста, обожавателите на Бандерас ги изненади фактот дека во меѓувреме пораснала и станала вистинска убавица, а социјалните мрежи беа преплавени со комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
На овој настан таа се појави во плишан комбинезон во црвена боја, кој ја истакнува нејзината витка линија. Својот изглед вешто го надополни со додатоците во иста боја, чантичката украсена со циркони и индентичните сандали со високи потпетици.