(ФОТО) Ќерката на Џони Деп има момче: Како изгледа идниот зет на популарниот актер?

(ФОТО) Ќерката на Џони Деп има момче: Како изгледа идниот зет на популарниот актер?

Објавена во: Stars // Филм

Лили Роуз Деп и Тимоти Чаламет се новиот познат пар кој го освојува вниманието. Холивуд е полн од љубовните приказни кои ја интересираат јавноста, а најновата помеѓу нив е токму оваа помеѓу Лили Роуз и Тимоти. Тие се млади, познати и заљубени, а и двајцата имаат француски корени. По неколкуте месеци криење тие дури пред неколку дена јавно ја искажаа својата љубов кога заедно се појавија на црвениот килим.

За овој познат пар почна да се зборува дека се во врска уште од крајот на 2018 година. Најстарото дете на актерот Џони Деп и пејачката Ванеса Паради, Лили Роуз растела во Франција, а 23 годинишниот Тимоти популарноста ја доби со улогата на момче кое експериментира со сексуалноста во филмот „Call me by your name“.

Сега самоуверено одат на црвениот тепих и не ја кријат својата романса, а нивното последно појавување во Венеција предизвика воодушевување. Едноставно го украдоа целото внимание на фотографите.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: