(ФОТО) Може ли Емина Јаховиќ да му се заблагодари на пластичниот хирург?

(ФОТО) Може ли Емина Јаховиќ да му се заблагодари на пластичниот хирург?

Објавена во: Живот // Живот

Естетската хирургија повеќе не е табу тема, многу јавни личности не кријат како порано дека се одлучиле да направат неколку хируршки зафати. Некои од корекциите станаа толку достапни и на пошироката маса, а не само на имотните луѓе. Кога станува збор за предимензионирањето на градите, усните и јаболкниците, во тоа водат старлетите кои како да се натпреваруваат која ќе има поголеми атрибути, иако ниту естрадата не заостанува заз нив. Од друга страна, на социјалните мрежи има се повеќе шеги на сметка на нивните „пластични“ хирурзи, имајќи предвид дека сите почнаа да личат едни на други. Сепак, постојат и добри пример, кај кои работата на естетските хирурзи скоро и не се забележува. Еден од таквите пример е и пејачката Емина Јаховиќ која на почетокот на својата кариера изгледала сосема поинакво.

Имено, Емина Јаховиќ важи за една од најубавите жени на српската јавна сцена. Нејзиниот физички изгледа, значително е променет со текот на годините, поради што многумина се прашуваат што променила таа на себе.

Меѓутоа, за разлика од некои нејзини колешки, корекциите на лицето на пејачката делуваат природно и симетрично.

Јаховиќ скоро никогаш не зборува јавно на оваа тема, иако е очигледно дека за својот надворешен изглед освен на генетиката, здравиот начин на живот, кој го пропагира и напорните тренинзи, исто така може да се заблагодари и на хирургот кој се занимавал со нејзиниот изглед. Дека не постојат фотографии од малдите денови на Емина, многумина не би можеле да претпостават дека пејачката не е во потполност „природна“. Иако ѝ се препишуваат разни зафати, Јаховиќ кога станува збор за овие интервенции, признава дека го оперирала само носот:

„Кога сме веќе кај операциите, дојде време да ви ги кажам и потврдам од прва рака сите работи кои не сте ги знаеле. Во животот на себе не сум направила ниту една пластична операција, освен операцијата на носот кој првпат го скршив на 14 години. На 14 години не можев да се оперирам, бидејќи коските на лицете се уште ми се развиваа, па морав да почекам и тоа го направив на 21 година“ - напиша таа своевремено на Твитер и додаде:

„Моите усни се потполно природни и полни. Мајка ми често ми зборуваше дека е најубавото нешто што го имам на себе. И со сите тие сложени, генетички мутации кои се незадоволни од себе, морам да кажам, за жал, мајката природа не ме поштеди“ - напиша пред неколку години Емина на својот Твитер профил.

Сепак, колку Емина е искрена во својата објава на социјалните мрежи, проценете сами од фотографиите во продолжение:


Извор: nova.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: