(ФОТО) Најмладата милијардерка без грам шминка ги изненади сите!

(ФОТО) Најмладата милијардерка без грам шминка ги изненади сите!

Објавена во: Мода // Moj стил

Навикнати сме да ја гледаме со комплетна и беспрекорна шминка на лицето, стилска фризура и преубава облека, која ги истакнува нејзините облини. Меѓутоа, овој пат најмладата милијардерка Кајли Џенер ги изненади сите кога се појави во несекојдневно издание.

Кајли своето богатство и првиот милион ги заработи со помош на својата линија на шминки за која лудуваат сите девојки ширум светот.

Младата наследничка Кардашијан и самата е голем љубител на шминките, која дури и во раните утрински часови секогаш излегува потполно нашминкана. Но, изгледа дека Кајли решила малку да ја смени својата рутина и да направи измена.

Кога таа пристигна на третманот за лице во Беверли Хилс, изгледаше навистина изненадувачки. Без нималку шминка, во тренерки, Кајли дури не носеше наочари за сонце за да се скрие, туку обични наочари за вид во кои одамна не бевме ја виделе. Косата и беше соберена во ниска опуштена пунџа и скоро непрепознатлива се прошета, оставајќи ги случајните минувачи во тотален шок.

После нејзиното појавување, коментарите се безбројни, но многу од нив се позитивни. Многу сметаат дека на 21 годишната ѕвезда доста повеќе и одговара овој природен изглед, отколку вештачките трепки, исцртаните веѓи и усни.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: