(ФОТО) Непрепознатлив: Што се случува со лицето на Џастин Бибер?
Планетарно популарниот пејач Џастин Бибер, неодамна беше уловен од папараците на Беверли Хилс.
Имено, Џастин го фотографирале во незгоден момент додека ги завршувал обврските поврзани со неговиот бренд на облека, а она што на сите им застана во око е неговиот проблем со кожата.
На фотографијата се гледа дека пејачот навистина има сериозен проблем со кожата, бидејќи на целото лице, а особено на челото му се појавиле акни кои наводно се последица од големиот стрес кој Џастин го доживува во последно време.
Фотографијата од лицето на Џастин со брзина на светлината се прошири на сите социјални мрежи и сите се вчудоневидени од неговиот изглед. Меѓутоа, неговите обожаватели го поддржуваат бидејќи порано и самиот тој објавувал фотографии со акни на својот Инстаграм профил, не обрнувајќи внимание на злобните коментари.
Луѓето со проблематична кожа се борат со дисбаланс на хормони, а истиот е предизвикан од неправилна исхрана и стрес.