(ФОТО) Омилениот пар од познатата тинејџ серија се сретна по 12 години: Како изгледаат денес?
Серијата „Округот Оринџ“ беше од најпопуларните тинејџерски серии, а се емитуваше од 2005 до 2007 година. Ѕвезди во серијата беа Рејчел Билсон која ја глумеше Самер Робертс и Адам Броди кој го играше ликот Сет Коен.
Актерите после 12 година случајно се сретнаа на аеродромот во Њујорк и таа средба за овековечија во фотографија.
„Наидов на стариот пријател од JFK до LAX“ - напиша познатата актерка Рејчел и ги додаде стиховите од најавната песна на серијата, „California, here we come“.
Со коментар се огласи и авторот на популарната серија Џош Шварц и се пошегува: „Извини, не ја сфаќам фората“, а фановите на серијата седнаш посакаа продолжение на серијата.
„Сакаме да ве гледаме повторно, па макар и на снимка која ќе трае само 5 минути. На нас тоа ни е потребно“ , „Ова е знак да треба да се сними уште една сезона од серијата“ - беа само некои од многубројните коментари на социјалните мрежи.
Рејчел и Адам три години се забавуваа и во вистинскиот живот и тоа за време на снимањето на четвртата сезона на серија.