(ФОТО) По стапките на тато: 2 - годишниот син на Лука Сулиќ сака да биде виолончелист
Откако пред скоро една година објавија дека се разделуваат, членовите на дуото 2Cellos ги разделија животните патишта. Стјепан Хаусер се одлучи за соло кариера, додека Лука Сулиќ реши да му се посвети на своето семејство.
Имено тој ужива покрај својата сопруга и своите две деца, синот Вал и ќеркичката Хана, а колку е среќен што се дел од неговиот живот покажуваат и фотографиите кои тој ги споделува на својот Инстаграм профил.
Една од приватните фотографии кои Лука ги споделува е и онаа на која неговиот син ужива во новата играчка од тато - виолина. Но, интересно е тоа што малиот Вал на виолината свири како да е виолончело. Секако ова го радува познатиот музичар, бидејќи има надеж дека некој ќе го замени.