(ФОТО) По згаснувањето на „Ексклузив“ веднаш најде работа: Стефан Лазаров менува професија
Една пародија која ја сподели на социјалните мрежи му го промени животот. Имено, по објавувањето на видеото во кое на некој начин му се спротистави на модниот стилист Сергеј Варошлија, тогашниот модел Стефан Лазаров успеа да добие работа како водител во естрадниот магазин „Ексклузив“.
За кратко време ги освои симпатиите на публиката и остави свој печат кога е водителството во прашање. Ова е одличен доказ дека кога нешто се сака лесно се постигнува, но амбициите на Стефан не запираат овде. Имено, младиот заводник на својот Инстаграм профил сподели фотка од студио, а според описот на истата станува збор за снимање на музичко парче.
Како ќе се снајде Стефан во оваа улога, ќе мора да почекаме до објавувањето на музичкиот материјал.