(ФОТО) Пред 55 години светот го освои како Мери Попинс: Како изгледа денес Џули Ендруз?
Љубителите на светската кинематографија сигурно се сеќаваат на филмот „Мери Попинс“ од 1964 година, чие сценарио ја следи магичната дадилка Мери Попинс која поминува низ животните предизвици во едно лондонско семејство во почетокот на 20 век. Главната улога, улогата на Мери Попинс, ја играше познатата британска актерка Џули Ендруз, која со оваа улога ја освои целата планета. Токму за оваа улога доби и Оскар, за најдобра женска улога.
Од филмот „Мери Попинс“ поминаа 55 години, а легендарната Џули Ендруз влезе во деветата деценија од животот и има 83 години. И понатаму можеме да ја гледаме на разни настани, а овие денови беше на 76 - от филмски фестиван во Венеценија, каде што и на врачена наградата за животно дело.
Џули и понатаму е активна како актерка, а зад себе има богата филмска кариера. Има глумено во 48 филмови.
Еве како денес изгледа таа.