(ФОТО) Се довери на младите ѕвезди: Васил ги откри своите придружни вокали
Овогодинешниот избор за песна на Евровизија нема да има традиционална церемонија. Ротердам, Холандија е местото каде што требаше да се одржи истата, но поради пандемијата на коронавирус целата церемонија ќе може да ја гледате онлајн.
Имено, на официјално Јутјуб канал на Евровизија веќе има закажан линк, каде што ќе може во 21:00 часот да го проследите првиот дел од оваа забава.
Наш овогодишен претставник е Васил Гарванлиев, кој минатата година заедно со Тамара Тодевска беше на евровизиската сцена. Изборот оваа година падна на песната „You“, која Васил ја претстави на Денот на жената.
Тој вчеравечер сподели една фотографија, на која ги претстави придружните вокали кои требаше да го придржуваат во Ротердам. Тој својата доверба им ја даде на младите надежи. Мартија Станојковиќ, Александра Јанева, Барбара Поповиќ и Лина Пејовска, заедно со Васил требаше да ги бранат боите на Македонија.
„Оваа фотосесија е последното нешто што го направив со мојот тим пред сето ова да дојде до ненадејно запирање. Ова се моќните гласови кои би ме придржувале на таа голема и убава сцена оваа недела на Евровизија. За мене... најперспективните македонски женски гласови на една сцена. Ова е само почеток.“ - напиша нашиот претставник покрај фотографијата на која позира заедно со младите пејачки.
Иако нема да има официјален победник, на 16 мај сепак ќе има настан преку големото финале ќе биде одбележано и повторно цела Европа ќе биде обединета.