(ФОТО) Синот на Ламбе Алабаковски порасна: Михаил сурфа на плажа
Поп-пејачот Ламбе Алабаковски со сопругата Магдалена и со синот Михаил околу две години живее на Флорида, во САД. На својот Инстаграм профил, Ламбе објави слика од синот кој ужива во сонцето покрај плажа, со даска за сурфање во раката.
„Од кал да е, Магдалена да е“, изјави преходно Ламбе за својата партнерка, кога беа на почетокот од врската. Нивниот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година.
Пред да се пресели во Америка, Ламбе со семејството живееше во Битола. Музички беше слабо активен, и се занимаваше со фамилијарен бизнис, продажба на јаболката од семејниот имот.