(ФОТО) Сите во солзи: Болно момче ја испрати својата мајка до олтарот!
На 8 - годишниот Џек Коноли му е дијагностицирана срцева маана - трикуспидална атрезија - уште додека бил во матката, па првата голема операција му е направена уште на 5 години. Неговата состојба значи дека е роден без трикуспидната валвула со придружни хипоплазија на десната комора.
Во јули 2015 година бил на третата операција на отворено срцем за која неговата мајка вели дека привремено му го продолжила животот.
„Во суштина, оваа операција дава можност на децата да живеат додека телото не им се развие доволно за нова операција.“ - објаснува таа.
„Ќе дојде денот кога Џек нема да биде со нас, бидејќи не му е загарантирана трансплатација. Никогаш не знаете кога ќе дојде тој ден.“ - пишува Максин за Daily Mail.
Неговите родители Максин и Мајкл ја одложувале својата венчавка за да може да се грижат за малиот Џек - но, на крајот се венчаа на 30 јуни, по 13 годинишната романса.
На овој ден Џек доби посебна задача, а таа беше да ја одведе мајка си до олтарот и да ја предаде на својот татко. Ценчавката се одржала пред 75 гости, помеѓу кои биле неговите сестри Луси, Софи и Ели.
На церемонија Џек носел килт и одело, кое било исто со оделото на неговиот татко. Момчето од Bathgate, Велика Британија, беше во центарот на вниманието на целата церемонија.
„Кога бевме на половина пат до олтарот, Мајкал тивко плачеше. Ретко кога ги покажува чувствата, па скоро никогаш и не ја гледам таа негова страна. Бидејќи Џек лесно се уморува, се прашував дали некогаш ќе ја види нашата венчавка“ - го прераскажува емотивниот момент кога нејзиниот болен син ја води за да ја предаде на татка си.
Џек веќе имал 3 големи операции на срцето, првата кога имал 5 години и еден ден ќе треба да оди на трансплатација на срце. Поради тешката состојба, Џек често мора да користи инвалидска количка, но сепак успеал да ја испрати мајка си до олтарот.
Максин морала да даде отказ како стоматолошка сестра, бидејќи повеќе време поминувала на боледување грижејќи се за Џек, отколку на работа. Поракј тоа, парот пробувал да заштеди за венчавка, што во овие околности било премногу тешко.
Најемотивниот момент бил кога Максин заиграла со Џек на песната од Роби Вилијамс 'I Love My Life'.
„Танцував со Џек и ги расплакавме скоро сите гости. Мајкл ми рече дека и мажите сме ги натерале за плачат“ - раскажува Максин.