(ФОТО) Со причина ја прекори: Мајли доби јавна критика од мајка си
Семејните одмори до една страна се одлични, бидејќи не мора ништо да платиш со оглед на тоа дека родителите ти се тука, но од друга страна тоа секогаш е проблем. Секогаш се случува некаква ситуација околу која ќе се скараш со родителите, бидејќи тие едноставно не разбираат.
Откако го остави сопругот Лиам, Мајли одлучи малку да застане со својот љубовен живот и да замине со мајка си на одмор. Веќе неколку дена Мајли на Инстаграм објави кул фотографии од нивните патувања, но на стори ја откри и онаа „лоша“ страна на патувањата со родителите. Им раскажа на следбениците дека мајка и, една вечер ја нарекла „одвратна“ и „размазена“. Зошто? Мајли била залепена за мобилниот.
На местото каде што престојувале се гледа прекрасно заоѓање на сонцето, а на мајка и на Мајли не и се допаднало тоа што нејзината ќерка ги пропушта овие моменти, бидејќи гледа само во телефонот.