(ФОТО) Среќни и исончани: Како си поминуваат Антониа и Иван на одмор?
Иако се тазе пар, повеќе не ја кријат својата љубов. Пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, пејачот од Либеро бенд, секојдневно уживаат во љубовната магија.
Можеби често не споделуваат фотографии, но на оние што може да ги видиме на нивните профили откриваат дека станува збор за голема љубов. Моментално тие уживаат во соседна Грција и одмараат од сите обврски поврзани со нивните кариера.
Карти во рака и престојот на плажа загарантирано е дека ќе помине за миг, а по ова се водеа и тие. Имено, Антониа сподели црно - бела фотка на Инста на која се фотографирани додека играат карти.
За потсетување, додека Иван одмара покрај својата љубена излезе новиот летен хит на Либеро бенд, „1001“.