(ВИДЕО) Талентираната Мирјана Кирова се впушти во режисерските води!

(ВИДЕО) Талентираната Мирјана Кирова се впушти во режисерските води!

Објавена во: Музика, Таленти

Мирјана Кирова од Просениково има 16 години, учи во СОУУД „Димитар Влахов“ и има една огромна желба –  сака да стане психијатар.  Мирјана освен што е вљубеник во литературата, танцува и ја пишува својата прва книга, има освоено многу награди и е активна и на многу полиња. За себе вели дека еден ден освен психијатар сака да стане и писателка која со неколку тетратки ќе патува по светот. За желбите и успесите, оваа успешна средношколка ни раскажа во интервју пред неколку месеци.

Во меѓувреме Мирјана не престана да работи на себе и има напредувано многу. Започна да пишува и сценарија, а досега била сценарист и режисер на краткометражен филм. Но, најново од оваа млада и талентирана девојка е сценариото и режијата за видео запис.

Станува збор за песната 'Lost', која е дело на диџеј Бонев, Zillant и Славица Ангелова, девојката која ги остави сите без зборови во бугарската верзија на музичкото натпреварување 'The Voice'.

Заедничката работа на овие млади и талентирани луѓе, може да ја погледнете во продолжение.


Објавена во: Музика, Таленти

Можеби ќе ве интересира: