(ФОТО) Тамара е единствена: Се направи велигденско јајце со наслов од нејзина песна!
Празнувањето на најголемиот христијански празник започна, а веќе од пред неколку дена почнаа да се споделуваат слики од велигденските јајца, кои се симбол на овој празник.
Едно такво велигденско јајце сподели и пејачката Тамара Тодевска. Имено, таа е единствена помеѓу изведувачите кои ја има честа на велигденско јајце да се напише наслов на песна. Станува збор за евровизиската песна „Proud“. Во продолжение погледнете како изгледа ова велигденско јајце, кое Тамара гордо го сподели на својот Инстаграм профил.