(ФОТО) Татко на годината: Димитар и Илина во планинарска авантура!
Нешто повеќе од 8 месеци, пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски уживаат во најважната улога во својот живот, а тоа е улогата на родители. Малата Илина дефинитивно им донесе радост во нивните животи, но и помалку време за нив.
Овие новини не им ги „изреметија“ омилените активности на мама Сара и тато Димитар, па така тие редовно си ја носат Илина со нив. Една од активностите на познатата двојка е планинарењето, кое е редовно во нивната викенд агенда. Па така овој викенд, тие заминаа во една таква авантура во природа, а малата Илина за која беше задолжен тато Димитар, уживаше додека татко и ја носеше на својот грб.