(ФОТО) Турканици за Стефан и за Мартин: „Некст тајм“ во елегантно издание промовираа филмски спот

(ФОТО) Турканици за Стефан и за Мартин: „Некст тајм“ во елегантно издание промовираа филмски спот

Објавена во: Stars // Музика

Пред многу пријатели, фанови и колеги, дуото „Некст тајм“ во скопскиот Драмски Театар го промовираше новиот спот за песната „Нешто ќе те питам бабо“. Рок-дуото промоцијата комотно можеше да ја закаже во поголема сала. Драмски беше претесен за сите кои сакаа да го видат новиот спот. 

По преработките на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, кои станаа големи хитови, близнаците Мартин и Стефан повторно се решија за нова верзија на македонска народна песна. И за оваа песна, како и за претходните две, аранжманот го направи познатиот музичар Никола Мицевски, автор на речиси сите хитови од последните два албуми на Каролина Гочева.                                     

„Ние не ја баравме оваа песна, таа нѐ најде нас. Извинување за сите оние кои немаа место да седнат. Кога ја промовиравме „Ја излези Ѓурѓо“, беше скромно. За „Слушам кај шумат шумите“ имаше повеќе луѓе. Но сега, по ова, се надевам дека ќе наполниме поголема сала како нашиот колега Лозано“, рекоа „Некст тајм“ на промоцијата. 

Спотот е уште една емотивна, филмска приказна на браќата Филиповски, кој собра многу аплаузи по премиерата. Во видеото интересен момент е црвено-црното знаме на „Вардар“. Присутните на крај скандираа „Македонија“. Освен нив двајца, играат и многу статисти. Режисер е Огнен Шапковски, а директор на фотографија Кристијан Теодоров. 

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: