(ФОТО) Во ТЛЗП ја имитираше Хелси: Сега Едита ја ископира Дуа Липа
Изминатиот период српската пејачка Едита Арадиновиќ е актуелна по шоуто „Твоето лице звучи познато“. Како најдобра имитација до сега и беше онаа на светски познатата Хелси и со истата го освои првото место.
Но, изгледа дека оваа емисија ја поттикна и приватно да копира. Имено, пред 5 дена познатата пејачка Дуа Липа сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа дека има нова тетоважа, а на тетоважата го има името на насловот на новиот албум.
Само два дена потоцна, односно пред 3 дена и Едита го направи истото. Таа сподели фотографија на која се гледа дека има тетоважа на која го пишува насловот на нејзината песна.
Дали станува збор за вистинска тетоважа или пак направена во фотошоп, не знаеме, но она што е сигурно е дека Едита ја има ископирано светски познатата Дуа Липа.