(ФОТО) Водителката Мартина Михајловска ја покажа малата Алана!
Минатиот месец поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска ја донесе на свет малата Алана. Оваа вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот сопруг, охридскиот бизнисмен Виктор Илоски.
Денес, по точно еден месец од раѓањето на Алана, Мартина сподели фотографија од својата прва радост. „Најголемиот подарок“ – напиша таа на фотографијата и го означи својот сакан.