Фотограф го тужи Џастин Бибер: „Поради тебе останав инвалид“!
Пејачот Џастин Бибер пред 2 години излегувајќи од црква по неделната миса на Бивервли Хилс влегол во својот автомобил. Кога тргнал низ улицата го прегазил фотографот. Веднаш излегол од автомобилот за да го провери повредениот Вилиам Ламонт, а фотографот го тужи поради несреќата.
„Останав инвалид засекогаш поради него, емоционално сум оштетен и барам надоместок“ – порачува фотографотво судските документи, но не наведува прецизно кои повреди му ги нанел пејачот.
Џастин, откако сфатил дека прегазил човек, останал со него на местото на несреќата додека не се појавила полицијата, а потоа и брзата помош, а сведоците тврдат дека пробувал и да му помогне.
„Полицијата одлучи дека нема да има казнена пријава, бидејќи заклучија дека тоа беше несреќа која делумно била предизвикана од блесокот на фотоапаратот кој привремено го заслепи возачот“ – порача адвокатот на Бибер. Додаде дека полицијата смета дека Вилиам воопшто не требало да стои на улица.
Она што е интересно е дека фотографот откако изјавил дека не го обвинува Џастин за несреќата, по 2 години си го промени мислењето и ја поднесе оваа тужба.