Фотографијата која цел свет ја чекаше: Хари и Меган конечно ја покажаа ќеркичката Лилибет

Фотографијата која цел свет ја чекаше: Хари и Меган конечно ја покажаа ќеркичката Лилибет

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на Хари и Меган е ѕвезда на божиќната честитка...

Од принцот Хари и Меган Маркл пристигна најубавиот подарок за претстојните празници - конечно на светот му ја покажаа Лилибет.

Ова е првиот Божиќ кој Сасексови ќе го дочекаат во проширен состав. По тој повод, испратија една од најслатките разгледници кои оваа сезона на видовме: додека Хари го држи Арчи, кој, барем ако се верува на бојата на косата, станал слика и прилика на татко му, Меган ја има високо кренато насмеаната Лилибет, која ја роди во првите денови од јуни. Првото името го доби во чест на нејзината прабаба Елизабета, а второто по баба ѝ Дајана. Но, досега никој немаше можност да ја види, така што ова е премиера.

„Среќни празници! Оваа година светот го здогледа нашата ќерка, Лилибет. Поради Арчи станавме „мама“ и „тато“, а благодарение на неа станавме семејство“ - порачаа Хари и Меган, а со честитката потсетија на хуманитарната акција која ја спроведуваа во текот на годината која истекува.

Фотографијата е направена кон крајот на летото во градината на нивниот дом во Санта Барбара.

фото: Alexi Lubomirski


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: