Фотографите од социјалните мрежи ја откриваат вашата психичка состојба: Ова е непогрешлив знак за депресија
Експертите ја анализираа содржината, но и користените филтери...
Се чини дека животот во современото општество е незамислив без социјални мрежи. Меѓутоа, кога објавувате фотографии или пишувате објави, треба да знаете дека сето тоа испраќа порака за вас и вашата ментална состојба. Сè е важно, и дали фотографијата е црно - бела, кои филтри ги користите, како и низа други фактори.
Неодамнешна студија покажа дека вештачката интелигенција може да ја открие вашата ментална состојба многу подобро отколку човечкото око.
Користејќи машинско учење, софтверот, според студијата, можел да открие кои луѓе се депресивни врз основа на нивните фотографии на Инстаграм и завршиле подобра работа од волонтерите.
„Ова може да биде нов метод за рано откривање на депресијата“ - изјави авторот на студијата Кристофер Данфорт, професор по математика, природни науки и инженерство на Универзитетот во Вермонт.
Во студијата, истражувачите ги прегледале објавите на Инстаграм на повеќе од 160 волонтери. Волонтерите им дале на истражувачите информации за минатите дијагнози на депресија и одговориле на прашалникот дизајниран за проценка на нивото на депресија кај секоја личност.
Приближно на половина од луѓето во студијата им било дијагностицирана депресија во последните три години.
Кога истражувачите ги анализирале скоро 44.000 слики, откриле дека објавите од корисници со дијагностицирана депресија веројатно биле сини, сиви и потемни од објавите на корисниците без оваа состојба.
Употребата на фото - филтри беше поретка кај луѓето со дијагностицирана депресија. Но, кога поединци со дијагностицирана депресија користеле филтри, многумина претпочитале да ја филтрираат целата боја од своите објави, залагајќи се за црно - бели филтри.
А, на оние на кои не им беше дијагностицирана депресија, им одговарале филтрите што ги осветлуваа фотографиите.
Луѓето со дијагностицирана депресија, исто така, почесто објавуваа фотографии со луѓе на нив, но во споредба со другите корисници, помалку луѓе се појавуваа на објавите.
Како дел од истото истражување, друга група волонтери ги оценувала тие фотографии и се обидела да ги пронајде сопствениците на профилите на кои им била дијагностицирана депресија, но вештачката интелигенција ги открила овие лица многу подобро.