(ФОТО)Се сеќавате ли на Росица и Димитар и „Динг динг донг“: Еве како изгледаат денес!
Доколку сте обожаватели на Еврозија, мора да сте ја следеле и детската Евровизија, на која во далечната 2007 не претставуваа Росица Кулакова и Димитар Стојменовски и нивната „Динг динг донг“. Пред повеќе од 10 години, тие на Македонија и го донесоа најдобриот пласман на било која Евровизија, а тоа е 5-то место, кое по нив го повтори Боби Андонов.
Имено, тргнавме од фактот што по ваков успех тие се откажаа од музицирањето решивме да ги побараме на социјалните мрежи.
За Росица нема многу информации што можеме да ви ги дадеме, само заклучивме дека таа воопшто не е променета и дека секој би ја препознал. А, според малкуте фотографии кои ги има најверојатно живее во Скопје и се занимава со „мејк ап“.
За разлика од неа, Димитар денес живее во Софија, во соседна Бугарија и има направено тотална трансформација. Косата веќе не му обоена, туку му е едноставно ишишана кратко. Единственото нешто по што може да го препознаете е неговиот шармантен поглед.