Фризерот на Ким Кардашијан откри трик како да направите неуредна пунџа: Готова е за помалку од минута

Фризерот на Ким Кардашијан откри трик како да направите неуредна пунџа: Готова е за помалку од минута

Објавена во: Мода // Moj стил

Конечно ќе успееме да ја направиме од прва...

Една од оние иритантни ситуации е кога ќе се обидеш да направиш „messy bun“ како некои девојки на Инстаграм, но тоа никако не ти успева и правиш сѐ, само „messy bun“ не! Во тие случаи, голем број девојки на крајот завршуваат со обично коњско опавче, а не со неуредна пунџа, но сега е откриен трикот кој го олеснува правењето на оваа фризура.

Овој трик може да ѝ скрати маките на секоја девојка. Најлошо од сѐ е тоа што кога не треба да одиме никаде, успеваме да направиме „messy bum“, а кога таа неуредна пунџа ти одговара во комбинацијата, не можеме да ја направиме со часови. Но, благодарение на овој фризер од ТикТок, неуредната пунџа сега е можно да се направи за помалку од минута и тоа на многу едноставен начин. Станува збор за фризерот на една од најпознатите личности денес, како што Ким Кардашијан, Дуа Липа и Џенифер Лопез. Сега ни е јасно зошто нивните неуредни пунџи навистина изгледаат неуредно, а истовремено предобро, бидејќи овој фризер го користи својот посебен трик.

@chrisappletonhair

This is perfect for anyone with fine hair that wants to make there messy bun look triple the fitness in a few mins

Talking to the Moon - Bruno Mars

Потребно е само да врзете високо коњско опавче и косата рамномерно да ја поделите на сите страни за уште едно ластиче за коса да може да се стави на врвот на опавчето и на тој начин да се добие облик на пунџа. Потоа, краевите од косата кои остануваат потребно е да ги замотате околу пунџата и да ги прицврстите со шноли. За овој трик е потребно можеби и помалку од една минута, а благодарение на него, повеќе нема да имаме борби со оваа фризура, бидејќи очигледно е дека овој трик одлично функционира.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: