Фустан кој остава впечаток како да е гола: Зендаја во креација на која никој не остана рамнодушен
Младата актерка Зендаја го привлече вниманието на сите со необичната креација во која се појави на 78-от Филмски фестивал во Венеција.
Ѕвездата на филмот „Dune“ на црвениот килим позираше во „воден“ фустан, зад кој се потпишува модната куќа „Balmain“.
Убавата актерка блескаше во долгиот фустан во боја на кожа, која ѝ беше прилепен за телото, а поради материјалот од кој е направен оставаше впечаток како да е водена. Комбинацијата ја надополни со високи потпетици во иста боја, како и со необичен ѓердан и прстен со зелени детали.
Зендаја за оваа прилика ги имаше нагласено очите со „smokey eye“ шминка, која ја вклопи со „wet hair“.
Инаку, Зендаја важи за една од најдобро стилизираните актерки во Холивуд и често е инспирација за многу дами.