Фустани кои ги одбележаа црвените килими во 2022 година: Издвојуваме 7 најубави изданија (ФОТО)
Се присетуваме со кои комбинации, ѕвездите ги воодушевија публиката и критичарите...
Се приближува крајот на уште една година. Време е да се осврнеме на изминатите 12 месеци и да ги одбереме најспектакуларните изданија од црвените килими, кои уште долго ќе се паметат.
# Блејк Лајвли на „Мет Гала“
Блејк се појави во фустан во кој изведе уметнички перформанс. Тоа беше фустна кој магично ја менува бојата. Но, тоа е фустан со две лица. Прво ја видовме бронзената страна на фустанот со наметка, а потоа дојде магијата кога помошниците на Блејк и отстранија дел од наметката, па таа остана само со тиркизниот дел.
# Ким Кардашијан во фустанот на Мерлин Монро на „Мет Гала“
За да се вовлече во тој фустан, Ким мораше да ослабе дури 7 килограми. До моментот кога Ким го носеше, фустан беше чуван во трезор, а Кардашијан прва го облече по легендарната актерка. Ова предизвика многу негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон музејот од кој Ким го изнајми фустанот. Критиките беа уште погласни откако се дозна дека фустанот пукнал по користењето. И покрај сите контроверзии, мораме да се согласиме во една работа, дека Ким го носеше совршено.
# Ким Кардашијан на отварањето на изложбата „Mugler: Couturissime“ во Њујорк
Навидум едноставно и црно, но сепак моќно издание. Кајли на црвениот килим пристигна во црн фустан со сирена крој и корсет, која ја истакна нејзината фигура на песочен часовник. Стајлингот го комплетираше со долгите ракавици и дијамантската круна која блескаше пред рефлекторите. Заради целата комбинација и украсите на главата, доби комплименти дека изгледа исто како божица.
# Зендаја на доделувањето на „Еми“ наградите
На 74-то доделување на наградите „Еми“, Зендаја влезе во историјата ккао најмлада двократна добитничка. Но, и нејзиниот избор на фустан ќе влезе во историјата, бидејќи веднаш беше прогласена за кралица на гламурот. Фустанот без прерамки, со пристојно деколте, нагласена половина и волуменизиран долен ден, потсети на гламурот и сјајот на стариот Холивуд.
# Бела Хадид на филмскиот фестивал во Кан
Еве уште една дама која воодушеви во живо. Манекенката внесе доза на стар гламур на црвениот килим. Станува збор за винтиџ фустан на Версаче од пролетната колекција од 1987 година, со откриени раменици.
# Криси Тајген на доделувањето на „Греми“ наградите
Моделот привлече внимание во розова креација на кинескиот бренд Nicole + Felicia Couture.
# Хејли Бибер на „Мет Гала“
Тоа беше прво појавување на Хејли откако преживеа благ мозочен удар. Таа носеше бел сатенски фустан од „Saint Laurent“ со наметка од пердуви. Изгледаше толку едноставно, а сепак убава.
фото: Принтскрин / Инстаграм