Гага и Бредли повторно заедно: Ќе глумат во уште едно филмско остварување!
Лејди Гага и Бредли Купер ги имаа главните улоги во филмот „A Star is Born“, а извор кој е многу близок до нив откри дека повторно ќе се најдат заедно на филмското платно, пишува HollywoodLife. Се работи за продолжение на Марвеловиот филм „Guardians of the Galaxy 3“.
Фановите на социјалните мрежи беа воодушевени со оваа вест, бидејќи долго посакуваа пејачката и актерот повторно да бидат „заедно“.
„Хемијата на сетот на претходниот филм беше неверојатно силна. Тогаш тој имаше и деовјка. Сега можеше да очекуваме сешто“ - коментираа некои.
За новиот филм на Марвел се објавени само неколку имиња од актерската постава, но се зборува дека Бредли повторно ќе ја игра улогата на Rocket Racoon, додека Гага ќе биде неговата избраничка Lylla.
„Нивните ликови се анимирани, но сеедно тоа е навистина возбудливо. Многу е веројатно дека тоа и ќе се оствари“ - рече изворот.