„Галерија на скршени срца“: Романтична комедија во продукција на Селена Гомез
Романтична комедија + Селена Гомез = звучи добро
Сите едвај го чекаат, а штотуку пристигна трејлерот. За само еден ден, го видоа скоро милион луѓе, и еве зошто и вие треба да го погледнете филмот наречен „Галерија на скршени срца“.
Селена Гомез има вистински филм за сите девојки кои сакаат да гледаат романтични комедии. Таа е продуцент на филм што треба да излезе, наречен „Галерија на скршени срца“. Ауси Жералдин Висванатан и Дакре Монтгомери ќе глумат во главните улоги. За некои, овие имиња беа доволно за да станат нетрпеливи за да го гледат овој филм.
Она што оваа романтична комедија ги прашува гледачите е: што ако зачувавте сувенир од секоја врска во која сте биле?
Луси, главниот лик на приказната, работи како асистент во уметничка галерија во Њујорк, а освен тоа е колекционер на емоции, но и работи од минати врски. Откако нејзиното момче ќе ја напушти, таа жали и не се иселува од станот сè додека нејзините пријатели не интервенираат. Откако ја убедуваат да излезе, на пат кон дома, случајно влегува во автомобил на момче, мислејќи дека е такси и го запознава згодниот Ник. Друга сосема случајна средба подоцна, доведува до дружење, разговор, запознавање - и деловна идеја. Тие одлучуваат да отворат галерија каде луѓето ќе донесат работи што ги имаат како спомени од минати врски.
Како што одминува времето, Луси и Ник се заљубуваат еден во друг, а потоа од никаде се појавува нејзиниот поранешен дечко кој и го скрши срцето.
Ќе се врати ли кај него или ќе го избере Ник овој пат? Филмот ќе биде претставен во кината за помалку од еден месец - 17 јули!
Погледнете го трејлерот:
извор:teen385