(ГАЛЕРИЈА): Најголемите и најпосетените зоолошки градини во светот
Зоолошката градина е омилено место за забава и на малите и на големите. Во светот има огромни зоолошки градини, кои се протегаат на километарска површина и во нив може да се видат навистина егзотични животни. Погледнете кои се 10-те најголеми зоолошки градини во светот:
10. Сан Диего - 100 хектари, 650 животински видови
Се наоѓа во парк Балбоа, во Сан Диего, Калифорнија. Тука има над 3 700 животни и над 650 вида. Повеќето од животните не се во ќелија, туку живеат на отворен простор.
9. Лондон - 36 хектари, 755 вида
Отворена е во 1847 година. Тука живеат 16 000 животни. Ја нарекуваат уште и Regent's Zoo.
8. Бронкс, Њујорк - 265 хектари, 650 видови
Се наоѓа во квартот Бронкс во Њујорк. Во неа влегува и реката Бронкс. Животните тука се над 4 000 на број.
7. Националните зоолошки градини во Јужна Африка - 210 хектари, 705 вида
Се наоѓа во Преторија, Јужна Африка. Има два дела - една во рамнина и една на ридови. Двата дела се разделени од река. Животните се околу 9 000 на број.
6. Москва - 53 хектари, 927 вида
Отворена е во 1864 година и една од најстарите во Европа. Тука живеат над 6 000 животни. Во 1990 година беше реновирана и проширена. Додадени беа голем аквариум и нови атракции за деца.
5. The Henry Doorly Zoo and Aquarium, Омаха, Небраска - 130 хектари, 962 вида
Изградена е во 1984 како парк, но се зголемува до огромна зоолошка градина. Тука има 17 000 животни. Привлекува милиони посетители годишно.
4. Пекинг - 219 хектари, 950 вида
Отворена е во 1906 година. Тука може да видите гигант панди, кинески тигар, кинески алигатор. Над 6 милиони луѓе ја посетуваат зоолошката градина годишно.
3. Торонто - 710 хектари, 491 вида
Ги отвора вратите во 1974 година. Таа е најголема во Канада. Тука има 5 000 животни.
2. The Columbus Zoo and Aquarium, Пауел, Охајо - 580 хектари, 793 вида
Тоа е најголемата зоолошка градина во САД. Животните се 9 000 на број. Во текот на годината од тука поминуваат 2.3 милиони посетители.
1. Берлин - 84 хектари, 1 500 видови
Вратите ги отвора во 1844 година и е најстара во Германија. Тука има 19 500 животни од 1 500 вида. Таа е најпосетената во Европа - над 3 милиони луѓе поминуваат годишно од тука. Една од најголемите атракции е тоа што на посетителите им е дозволено да хранат многу од животните.