(ГАЛЕРИЈА) Природна катастрофа создаде невидена убавина
Атабад е езеро во Пакистан кое настанало на 4 јануари 2010 година по голем одрон на карпи.
Одронот бил кобен за дваесет мештани во долината на реката Хунза и предизвикал невидена штета за илјадници луѓе во областа.
Протокот на реката Хунза беше блокиран пет месеци, со што беше оневозможен нормален живот во околните села, а кога водата почнала да продира преку природната брана, многу места, патишта, училишта, продавници и куќи биле поплавени.
До овој дел од Пакистан можело да се дојде само со хеликоптер, поради што многу луѓе останале без храна, вода за пиење и медицинска помош.
Сепак, од оваа природна катастрофа беше создадено и неверојатно мало езеро, кое во јуни 2010 година беше долгo 21 киломатар, а на некои места достигна длабочина од повеќе од 100 метри.
Езерото во меѓувреме стана туристичка атракција која доаѓаат да ја видат илјадници туристи од целиот свет.
Тоа е лоцирано во северниот дел на земјата.