Гастрономско уживање и дегустација на колекцијата екслузивни вина на „Алхемист“

Гастрономско уживање и дегустација на колекцијата екслузивни вина на „Алхемист“

Објавена во: После „Школо“ // PR

Eксклузивни вина од реноминирани француски и италијански винарии повеќе од една година се достапни за љубителите на вино на македонскиот пазар преку колекцијата вина на компанијата Алхемист. Оваа винската колекција содржи внимателно избрани етикети на уникатни производители на вина како што се: Valdo, Peyrassol, Dezzani, La Scolca, Rocca, Louis Latour, Tenuta Casenuove.

Дел од винската колекција е италијанската винска линија Valdo, меѓу кои и новото пенливо вино ValdoAquarius, кое со своите свежи ноти на гарганега и глера грозје, нуди совршен баланс на свежина и комплексност. Од колекцијата италијански пенливи вина може да одберете помеѓу белото пенливо вино Valdobbiadeneи таканаречениот розов рај Valdo Paradiseкој со својот специфичен вкус и дизајн ја доловува уникатноста на италијанската винарија Валдо.

Колекцијата на Алхемист ги содржи и висококвалитетните вина на италијанската винарија Chateau Peyrassol, лоцирана во Прованса -еден од најубавите предели за производство на pозе вино во светот. Со својот уникатен свеж вкус  висококвалитетните вина Peyrassol и Peyrassol La Croix од оваа винарија нудат комплетно уживање.

Добрите познавачи на квалитетно вино можат да уживаат и во префинетиот вкус на La Scolca – Gavi dei GaviиLa Scolca Goldна италијанската винарија La Scolca.

Со цел дегустацијата и уживањето на вината да биде комплетно, од Алхемист најавуваат голем број промоции во градските локали каде покрај можноста да ги пробате нивните екслузивни вина, ќе можете истите да ги комбинирате со вкусот на уникатни суши специјалитети. Бидете дел од ваките промоции и доживејте гастрономско уживање на сите сетила.  

Вината од оваа уникатна колекција може да ги најдете во повеќе познати угостителски објекти како: ресторан „Два Елена“, „Ботаника“, „Oeno Bar“,  ресторан „Дукат“, „Јавор“ Мрзенци, „Воденица“, „Intermezzo Music Bar“, „SushiCo“, „Радио бар“, во малопродажба во „WineBerry Bistro and Shop“, „Liquor store Biblioteka“, Wine.mk store, Finewine или да нарачате преку Instagram профилот на компанијата Alchemist mk.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: