Генијалец: На 17 години се запиша на 24 универзитети, доби 16 стипендии и има своја компанија
Куан Браун има само 17 години и пред него е светла иднина. Го примија на 24 различни универзитети - а за некои сите имаме слушнато - Харвард, Јеил, Џорџтаун, Ховард. Но, овој млад генијалец не само што е одличен ученик и спортист, туку е и бизнисмен кој води сопствена компанија. Пред половина година и Си - Ен - Ен го објави како млад претприемач со изразена социјална чувствителност. Толку е млад, а е веќе пример за останатите ученици и студенти.
Седум од 24 - те универзитети на кои се запиша се членки на Ivy League (здружение на осум престижни приватни американски универзитети од североистокот на земјата). Покрај тоа, доби и 16 полни стипендии.
Некои од причините за неверојатното прифаќање на пријавите се неговите високи оценки, но и тоа што бил претседател на ученичкото тели и спортист.
Thank you @HolyCrossFB @CoachMurphHC ! pic.twitter.com/CW4rdsNYvf
— RuQuan Brown (@ruthatruth) June 11, 2019
Покрај тие обврски имал и време за работите надвор од училиштето. Води компанија за облека „Love1“, а 20% од приходите ги донира во „One Gun Gone“, организација која го откупува оружјето од заедницата и ги претвара во разни уметности. Веб страницата за неговиот бренд на облека гласи: „Love1 поттикнува љубов и единство за заштита на најмалите, ставајќи ја љубовта во прв план, за да ги поттикне луѓето да носат мудри одлуки.“
Браун, компанијата ја води само со едно мото: „Никогаш не знаете колку вашиот чин на љубов може да стапи нечиј живот.“
Инспирација за движењето на компанијата ја добил откако поради престелки изгубил многу пријатели, членови на семејство и соиграчи.
„Започнав да оддавам почит на животите на своите соиграчи и очувот, кои беа убиени во период од една ипол година. Желбата ми ја скроти насилството со оружје, па така нашите семејства нема да мора постојано да доживуваат трагични загуби.“
Може да ве интересира: