Генијален трик за кој ти требаат две работи: Како да го прикриеш новото мозолче?
Дали го знаеше ова?
Толку едноставно, а ефикасно. Нема да ти помогне да се спасиш од мозочлињата, но ќе го намали воспалението и црвенилото, со што нема да изгледаш толку страшно.
Мозолчињата на сите ни се трн во око, особено оние кои ќе се појават изненадно, а изгледаат како голема црвена грпка на средината на лицето. Можеш да пробаш да се бориш со нив со помош на различни препарати, но постои еден едноставен трик кој можеби се уште го немаш пробано. Се што ти е потребно е мраз. Без оглед на тоа од која причина на твоето лице се појавило ново мозолче, мразот ќе ти помогне да го намалиш црвенилото и воспалението, бидејќи неговото студенило ги смирува крвните садови. Експертите ја препорачуваат оваа метода и тврдат дека по само три минути можеш да ја воочиш разликата. Најлошата работа која можеш да ја направиш е да го стискаш мозочлето, бидејќи така никогаш нема да ја поправиш ситуацијата и можеш уште повеќе да го вцрвениш и зголемиш.
Освен што црвенилото и воспалението ќе се намалат, ледот исто така ќе го смири и иритизираното подрачје на начин што ќе го намали ризикот од тоа кожата да ти остане оштетена откако ќе го истискаш. Ледот ќе ја намали циркулацијата на крвата и ќе ги затегне порите на кожата. Ова секако не е начин на кој во потполно ќе се спасиш од мозолчињата. Ледот само ќе ти помогне моментално да го ублажиш и намалиш неговото понатамошно зголемување. Тоа може да биде супер корисно за ситуациите кога мора да одиш некаде, сакаш да објавиш ново селфи на Инстаграм... а, утрото те изненадило ново мозолче.
Најдобар начин за да го изведеш ова е коцкичката лед да ја замоташ во чиста, тенка ткаенина, да ја доближиш до мозолчето и да ја држиш три минути. Потоа паузирај 5 минути и повтори го ова уште еднаш. Дерматолозите велат дека помага, со оглед на тоа дека не ти требаат посебни препарати, можеш многу лесно да ја провериш оваа теорија и да видиш дали и тебе ти помага.