Ги бие лош глас, а имаат безброј обожаватели: Најарогантните ѕвезди во Холивуд
Врежано е мислењето дека познатите личности се арогантни, но некои од нас навистино пријатно не изненадија. Воглавно се радуваме кога ќе дознаеме кои ѕвезди се нормални, пријатни кон обожавателите или кои се занимаваат со хуманитарна работа.
Но, сепак некои од ѕвездите се навистина безобразни, а во продолжение ви откриваме кои познати личности важат за најарогантни:
# Кетрин Хејгл
Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ важи за една од најарогантните актерки во Холивуд со која е многу тешко да се работи. Наводно, сценаристката на серијата Шонда Римс поради тоа ја има и отпуштено.
# Мајлс Телер
Актерот, познат по филмовите „Baby Driver“ и „Divergent“, покрај тоа што досега неколку пати „удрил“ по филмовите во кои глумел, нема добро мислење ниту за своите колеги. Во едно интервју призна дека голем број од актерите од неговата генерација не се вистински актери, ниту пак било какви ѕвезди.
# Мараја Кери
За време на годините во музичкиот свет, Мараја го изгради своето име и важи за голема дива, но не само поради гласот. Во музичката емисија „Американски идол“ се уверивме дека таа и се однесува така, а најмногу поради постојаното препирање и воздигнувањето на самата себе за време на снимањата на емисиите.
# Лејди Гага
Сите ја сакаат Лејди Гага, колку поради нејзиниот глас, толку и поради лудиот стајлинг, по кој стана препознатлива. Иако е многу здраво да се има самодоверба, Лејди Гага сепак претерува во тоа. Неброено многу пати изјави дека смета дека моментално е најдобриот вокал на музичката сцена, а високо мислење за себе има и како текстописе.
# Мел Гибсон
Актер, која многу колеги кои соработувале со него го окарактеризираа како многу арогантен. Ниту тој не помага во тоа да се промени ова мислење, бидејќи самиот за себе вели дека е еден од најдобрите актери на светот.
# Џастин Бибер
Пејачот веќе со години го бие глас дека е арогантен, а многу пати се појавија видеа кои го потврдуваат ова. Од тоа дека одбива да се фотографира со обожавателите, до тоа дека имал многу скандали со папараците.
# Ники Минаж
Уште една дива од музичката сцена која за себе смета дека е најдобра и тоа отворено го покажува. Токму затоа, за време на снимањето на „Американскиот идол“, често се караше со останатите членови од жирито.
# Канје Вест
И на прво место, секако е мајсторот за скандали - раперот Канје Вест. Многубројните интервјуа потврдуваат дека Канје за себе мисли дека е најдобар во сè што прави.