Ги искористуваат сопствените деца: Што се крие зад фотографиите на совршените мајки на Инстаграм?
Една мајка одлучила во потполност да ги разоткрие „совршените мајки“ на Инстаграм, а нејзината исповед ви ја пренесуваме во продолжение:
Вчера на базен видов една млада мајка со својата ќеркичка кои беа облечени во најмодерни исти костими за капење во различни величини. Мајката, со совршени локни кои ги подигнала со елегантна лента за коса, првите неколку минути ги помина гласно зборувајќи на телефон со пријателка додека нејзината ќерка нетрпеливо очекуваше да влезат во базенот.
Мајката го заврши разговорот и продолжи да ги мести пешкирот, играчките и кремите за сончање на пешкирот. Потоа го најде вистинскиот агол и светло, го извади својот телефон и направи неколку селфиња со ќерка си.
Ќерката ја запраша конечно да влезе во базен. И рече да почека, а потоа ја стави пред базенот, ја фотографираше неколку пати, па и рече да влезе во вода, а потоа ја фотографираше уште еден милион пати, но и како излегува од вода. Дури потоа и рече на ќерка си дека може да си игра.
Девојчето само неколку минути било во вода.
Мајката повика на телефон уште една пријателка додека ќеркичката цело време ја повикувала да и се придружи во базенот.
„Мама, дојди да си играш со мене“ - ја запраша барем четири пати.
Мајката ја погледна, но не ја прекина веста. Дури по 10 минути конечно го заврши разговорот, ги собра кремите за сончање кои не ги ни употреби, ги собра играчките и ја повика ќерка си да излезе од вода.
Седев таму долго време и размислував долго за тоа што го видов. Веќе знам дека тие фотографии, совршено се појавиле на социјалните медиуми со опис: „На базен со моето девојче #makingmemories“ или некој сличен.
На друго место, друга мајка трчи дома за да биде со своето дете, да ја среди куќата од неговите играчки и да подготви вечера. Таа ќе биде уморна, бидејќи цел ден готвена, чистела и бидејќи си играла со своите деца. И таа мајка ќе ја погледне оваа фотографија и ќе ја спореди со себе „совршената“ мајка од базенот.
Противничката како да и шепоти на уво дека не е доволно добра, бидејќи „не изгледа како мајката на базенот“, нема пари за скапи костими за капење, но нема ни време за „создавање спомени“ со сопствените деца“.
Она што го гледаме на социјалните мрежи не е секогаш реално. Некогаш, а всушност секогаш се е наместено.
Понекогаш гледаме апсолутно вистински фотографии од одмор и преубави домови, но секогаш имајте на ум дека тоа е еден момент. Можеби и најдобриот од целиот ден кој тој некој го има доживеано.
Мајки престанете да се споредувате. Вие сте неверојатни и најдобриот дел е тоа што сте вистински. Можеби вашата блуза е извалкана и косата не ви е средена, но среќните деца се доказ дека правите се како што треба.
Затоа деца не карајте се вашите мајки доколку не ИН и се трудат секојдневно да ги завршат работните обрвски, но и оние домашните. Среќата која тие ви даваат со подготвувањето со еден топол оброк не може да се спореди со една фотографија на социјалните мрежи.