Ги испеаја најголемите хитови, а всушност беа песни за разделби: На кого ги посветија?
Често се случува по прекинување на врска, пејачите да отпеат песна за тоа како се чувствуваат по разделбата, која очигледно била претешка за нив, а потоа во интервјуата да ги демантираат тие стихови упатени на поранешните љубови, чии имиња и се познати на јавноста, затоа што нивната врска со месеци или години наназад била документирана до медиумите.
Меѓутоа, некои од нив не се колебаа јавно да кажат на кој ги имаат посветено песните, како што направи Џон Мајер, кој јавно призна дека неговиот последен сингл „Still fell like you man“ е упатен на неговата поранешна девојка Кети Пери. А, во продолжение видете ја листата од песни за кои знаеме за кој се отпеани.
Почнуваме со Кети Пери, која по разводот, песната „Wide awake“ ја посвети на Расел Бренд, а тој на тоа имаше многу впечатлива реакција. „Таа е млада жена која се соочува со разделба, што е разбирливо. Тоа е многу убава песна.“
Неколку недели по разделбата со свршеникот Лиам Хемсворт, Мајли Сајрус ја објави песната „Wrecking Ball“ со што докажа дека најубавите работи настануваат со најголемите падови. Иако, тие двајца неколку години подоцна ја обновија врската, на младата пејачка, оваа песна и остана како една од најубавите и најемотивните отпеани песни во кариерата, како и видео во кој пролеа и неколку солзи и така предизвика повеќе емоции кај милиони луѓе ширум светот.
Иако по сево ова се смирија и венчаа, минатото лето тие двајца се разделија повторно, а Мајли за бракот, односот и разделбата со Лиам пееше во песната „Sail Away“.
Личната карта на бендот „No Doubt“ е секако песната „Don't speak“, а неа Гвен Стефани ја посвети на колегата од бендот, со кој беше во повеќегодишна врска. Можеме само да замислиме како му било на Тони Канал да ги свири бас - делниците на стиховите за кои е свесен дека се однесуваат на него.
Точно 20 години подоцна, Гвен испеа уште една преубава песна за разделбата посветена својот на поранешен сопруг, Гавин Росдајл и со песната „I used to love yоu“ стави точна на една од оние ретки холивудски врски за кои сите мислеа дека ќе бидат вечни.
Врската на Џастин Бибер и Селена Гомез е една од модерните бајки кои не се завршуваат со среќен крај, како што таа самата опиша во песната „Heart wants what it wants“. Меѓутоа, тоа не е единствената песна која Гомез ја посвети на Бибер. Не треба да се заборави ниту „Love will remember“, односно демо снимката на песната, која во себе ја содржи и гласовната порака на Џастин. Оваа песна, иако заврши на интернет, никогаш не е објавена на некој албум.
Покрај ова, Селена со албумот „Rare“ сакаше да стави точна на поглавјето со Бибер. „People You Know“, „Vulnerable“, „Rare“ - се само некои од песните кои зборуваат за нивниот однос, а со песните „Cut You Off“ и „Lose You to Love me“ дефитивно заврши со него.
Од друга страна, Џастин, гостувајќи во шоуто на Елен Деџенерис, призна дека разделбата со Селена е причината за песните „Sorry“, „Mark my words“ и „What do you mean?“
Оваа листа би била непотполна без песните за кои, никогаш јавно не е потврдено за кој се упатени, но на сите ни беше јасно дека Џастин Тимберлејк и ги упати на Бритни Спирс стиховите од „Cry me a river“, а дека таа на него му одговори со песната „Everytime“.
И за крај ја оставивме кралицата за песни посветени на разделба, Тејлор Свифт, за која многумина шеговито тврдат дека кариерата ја направи поради разделбите. Па, навистина, некои од нејзините најголеми хитови се инспирирани од скршеното срце.
„We are never ever getting back together“ е посветена на Џејк Џиленхол.
„I knew you were trouble“ е инспирирана од врската со Хари Стајлс.
И за самиот крај ја оставивме Џон од почетокот на оваа приказна, односно Џон Мајер и песната посветена за него - „Dear John“.