Ги истaкна витките нозе, а не изгледа вулгарно: Џејла Рамовиќ во комбинација која секоја девојка треба да ја носи (ФОТО)
Пејачката се одлучи за интересна комбинација на бои, на која никој не остана рамнодушен...
Младата пејачка Џејла Рамовиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која таа блеска во многу интересна модна комбинација.
Џејла се одлучила во нејзината комбинација да доминираат две нијанси, а тоа се жолтата и сината боја. На себе имаше жолт фустан со многу необичен дизајн. На градите има интересен детаљ кој личи на цвет и кој на ова модно парче му дава посебност.
Со должината на фустанот, пејачката успеа да ги истакне своите витки нозе, а со горниот дел успеа да ги истакне рамената и деколтето.
На сето тоа додаде и сини детали во вид високи потпетици, како и мала сина чанта, која совршено се вклопи со целата замисла на нејзината комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм