Ги изгреба очилата за сонце: Можеш да ги спасиш со еден продукт што го има во секоја бања

Ги изгреба очилата за сонце: Можеш да ги спасиш со еден продукт што го има во секоја бања

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Навистина е лошо кога ќе ти се изгребат очилата за сонце, а сонечвите денови траат навистина долго. Не е добро да се биде на сонце без заштита која на очите им ја даваат очилата, а од друга страна пак не знаеме дали гребаниците повеќе ќе ни наштетат отколку што ќе ни користат? Решението е каде помеѓу. Велат дека на своите очила можеш да им го продолжиш „рокот на траење“, така што ќе ги отстраниш гребаниците. Можеби стаклата нема да бидат совршени, но вреди да се обидете. Можеби навистина нема да треба да купуваш нови.

Што ти е потребно?

Па, најважниот помошник во оваа работа е обична паста за заби. Звучи необично, но овој чудесен производ би требало да ги отстрани гребаниците од стаклата. Притоа сепак треба да внимавате тоа да не биде паста без состојки за избелување на забите, да нема абразивни својства и да не е во облик на гел. Освен пастата за заби потребна ти е микрофибер крпа и сад со млака вода, доволно голем за во него да ти ги собере очилата.

А, еве и како...

Најпрво погрижи се стаклата да се потполно избришани со помош на крпата. На прстот стави мала количина од пастата, не повеќе од зрно грашок. Размачкај ја на внатрешната страна на стаклата и триј околу 5 минути. Повтори ја оваа постапка и на другото стакло. Потоа очилата стави ги во садот со млака вода и добри измиј го остатокот од пастата за заби. Исуши ги очилата со крпа и погледни низ нив. Гребаниците би требало сосема да исчезнат.

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: