Ги напушти „Ѕвездите на Гранд“: Стефан подготвува песна за Денот на вљубените
Македонскиот пејач кој своеволно го напушти најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски активно работи на нов авторски материјал со кој ќе ги израдува своите обожаватели.
Имено, пејачот веќе ја снимил својата нова песна со наслов „Остани со мене“ на која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов (музика), Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), а за истата деновиве ќе се снима и видеозапис.
Во меѓувреме да се потсетиме на еден од неговите најдобри настапи на Гранд.