Ги обвини за корупција: Американскиот рапер Tekashi69 „удри“ по Гранде и Бибер

Ги обвини за корупција: Американскиот рапер Tekashi69 „удри“ по Гранде и Бибер

Објавена во: Stars // Музика

Новиот дуен на Ариана Гранде и Џастин Бибер, „Stuck With U“ многу брзо се искачи на првите места на бројните реномирани музички топ листи. Причината за тоа најверојатно се крие во тоа што многуте нивни обожаватели едвај чекаа да излезе овој дует. 

Сепак, не им беше на сите драго што Џастин и Ариана успеаа да постигнат волку голем успех за многу кратко време. Имено, раперот Tekashi69 на социјалните мрежи ги обвини пејачот и пејачката дека се корумпирани, тврдејќи дека Ариана и Џастин платиле за нивната песна да се искачи на топ листите. Раперот го повика музичкиот магазин Billboard на Инстаграм со зборовите: „Корумпирани сте и лажете, а светот ќе го дознае тоа.“


Веднаш по оваа објава се јави и Ариана која во соопштение на Инстаграм порача дека бројките никогаш ништо не и значеле и дека само музиката и е важна. Ниту Џастин не остана нем, па со својот продуцент Скутер Браун објави видео во кое ги коментираат наводите на овој рапер.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: