Ги откри деталите: Луна од медиумите дознала дека Анабела ја блокирала на Инстаграм

Ги откри деталите: Луна од медиумите дознала дека Анабела ја блокирала на Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Што се случува со популарните мајка и ќерка?!

Луна Џогани и нејзината мајка Анабела Атијас ги прекинаа сите контакти по финалето на „Задруга“, а веќе не се ни следат на социјалната мрежа Инстаграм.

На гостување во емисија, Луна ги откри сите детали за прекинувањето на комуникацијата со нејзината мајка и рече дека преку медиумите дознала дека Анабела ја блокирала на Инстаграм.

- Ме блокираше на Инстаграм, дознав преку медиумите. Не ја осудувам. Сфаќам дека тоа е нејзиниот гнев. Ако и одговара сега така, тоа е тоа. Таа веројатно не сака да ги гледа моите слики - рече Луна.

Таа вели дека по ваквиот потег на Анабела, сепак не ја повикала мајка и', и дека не сака да го стори тоа.

- Не сакам да ја повикам, ни да ја прашам нешто ... Подобро е да бидеме вака, не сме се слушнале една од друга во претходниот период. Нека ужива во одморот... - додаде Џогани.

На крајот, таа истакна дека е многу повредена од овој потег, но дека ја разбира и дека ќе остави да помине време и целата еуфорија околу ријалити шоуто и дека после тоа сигурно ќе разговара со мајка си.

- Времето е најдобриот лек за некои работи. Треба да помине некое време, за да се искристализираат и смират некои работи, а што се однесува до мене, ќе разговарам со неа понатаму - вели Луна.

Анабела во моментот е на годишен одмор во Дубровник со својот поранешен сопруг Андреј Атијас и нивната ќерка Бланкица.

фото и извор:telegraf.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: