Ги шокираше сите: Бела Хадид отворено призна на колку години ја имала првата пластична операција

Ги шокираше сите: Бела Хадид отворено призна на колку години ја имала првата пластична операција

Објавена во: Мода // Moj стил

Луѓето сега ја напаѓаат нејзината мајка, бидејќи го дозволила тоа...

Знаеме дека многу познати личности направиле и неколку пластични операции за денес да изгледаат онака како што изгледаат. Пред да имаат пари, не изгледале толку совршено. Бела сега отворено проговори за својата ситуација.

Немој ни на секунда да помислиш дека ситуацијата која ја имала Бела Хадид е нормална и е нешто што е во ред. Познатата манекенка денес е една од најпосакуваните и најзгодните девојки на светот, но претходно не изгледала така. И таа била на кој знае колку пластични операции. Сигурно никогаш нема да признае сѐ, но сега призна една со која сите ги шокираше. На сите им е јасно дека Бела имала повеќе оперативни зафати на своето лице, а првиот го направила на 14 години. Да, добро прочитавте, на 14 години. Тогаш правела операција на носот. Ова го откри во интервју за „Вог“, но додаде и дека денес жали поради тоа што ја направила.

Раскажа дека секогаш се чувствувала како грдото пајче покрај сестра ѝ Џиџи, бидејќи Џиџи отсекогаш била таа која е поубава. И така, Јоланда, мајка ѝ на Бела ѝ дозволила да оди на операција кога имала 14 години. И откако таа информации излезе во јавноста, на социјалните мрежи сите ја напаѓаат мајката им Јоланда. Наместо да ѝ помогне да се чувствува поубаво и да има повеќе самодоверба, мајка ѝ ги потпишала документите и ѝ дозволила да оди на операција.

Бела не крие дека има многу проблеми со менталното здравје и чувството дека не е доволна, а изгледа дека тоа било започнато уште пред да стане модел и јавна личност.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: