Гиговска е омилена кај пејачите од соседството: „Нереална си. Пееш како ангел“

Гиговска е омилена кај пејачите од соседството: „Нереална си. Пееш како ангел“

Објавена во: Stars // Музика

Освен на настапите на талент шоуто „Пинкове ѕвездице“, често може да ја слушнеме и видиме и во некое видео на Инстаграм кое младата пејачка ќе го објави.

Имено, Антониа Гиговска не престанува да изненадува со своите вокални способности. Последна во низата  беше изведба на песната „Она некад“, која во оригинал ја изведува српската пејачка Каја Остојиќ и истата можете да ја слушнете ОВДЕ.

Но, она што на нас ни го привлече вниманието беше коментарот кој Каја и го прати на Антониа по изведбата. „Нереална си. Пееш како ангел. Не дозволувај никој никогаш да ти приговори на сметка на твоето пеење, бидејќи во однос на нив ти си Монт Еверест“ - и напиша Каја на Антониа. 

Искрено се надеваме дека, нашата млада пејачка ги применува сите совети од своите постари колеги и дека така со сигурност ќе биде уште поуспешна.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: