Ѓоковиќ со видео порака за Доминик Тим: Со овој гест докажа дека е број еден

Ѓоковиќ со видео порака за Доминик Тим: Со овој гест докажа дека е број еден

Уште еден убав гест на тенисерскиот ас...

Новак Ѓоковиќ му се обрати на Доминик Тим по добиената титула на УС Опен.

Австриецот го покори Њујорк, победувајќи го Александар Зверев во финалето, а сето ова му беше полесно без Новак.

Прашање е дали Тим би го освоил трофејот доколку Новак не беше дисквалифукан, но на Ѓоковиќ му преостана само да се помири со тоа, да продолжи понатмау и да се фокусира на Рим.

Му се врати насмевката, а од Рим испрати и видео порака до пријателот, кој неодамна го пречека во Белград, на турнирот Адрија.

„Доми, ти честитам. Заслужи можеби повеќе од било кој друг да го освоиш првиот Грем слем, го направи тоа на неверојатен начин, се врати по два заостанати сета. Треба да бидеш горд на себе, сигурен сум дека си, и семејството треба да биде гордо на тебе, и сите кои ти помогнаа да дојдеш до ова ниво во кариерата. Одлична работа, човеку, само продолжи, се гледаме наскоро!“

Може ќе ве интересира:

Ништо не му можат на Ѓоковиќ додека има ваков ангел чувар: Таа секогаш ќе биде покрај него

Можеби ќе ве интересира: