Гледај како летам сега, на тебе дури не се ни сеќавам: Дали Иван овие стихови ѝ ги посвети на Антониа Гиговска? (ВИДЕО)
Случајно или со посвета?!
Јавноста не го губи интересот за животот на Антониа Гиговска и Иван Јованов, поранешната естрадна двојка. Сето тоа ова можеби немаше да биде толку актуелно, доколку младата пејачка не остана бремена со најдобриот другар на Иван, музичарот Роберт Спасенцовски.
Иван преку своите објави на социјалните мрежи секојдневно покажува дека добро се држи по крајот на врската со пејачката, но со последната објава малку ги загрижи своите следбеници.
Имено, тој објави видео, на кое со својот бенд ја изведува песната „Заборави“, која во оригинал ја пее Сале од Тропико бенд. Текстот на самата песна, алудира како Иван намерно да ја одбрал и како преку неа да сака ѝ порача на Антониа дека веќе ја има преболено.
Секако, ова е само наша теорија, а дали истата е вистинита и ќе дознаеме во некоја следна прилика.
фото: Принтскрин / Инстаграм